Ковачки за Алфа: Граѓаните заслужуваат лидер за претседател, а тоа е Гордана Силјановска Давкова

Ковачки за Алфа: Граѓаните заслужуваат лидер за претседател, а тоа е Гордана Силјановска Давкова

Гордана Силјановска Давкова и официјално кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, доби 444 гласа од делегатите, меѓу кои беше и пратеникот Драган Ковачки, тој во гостување за Алфа вели на Македонија и потребен лидер, а тоа е Силјановска Давкова.

-Под мотото лидерство за промени ја одржуваме конвенцијата за избор за претседател односно претседателка на Република Македонија. Во првиот дел од конвенцијата, кандидаткакта за претседателка, Гордана Силјановска Давкова даде свое образложение, ја понуди својата визија, својата прогама како планира да ја води државата во иднина, изјави Ковачки за Алфа.

Уверен е во победа и на парламентарните и на претседателските избори.

-Дојдено е време за промени. На Македонија треба да и се врати достоинтвото како во земјата така и надвор од земјата, Македонија заслужува лидер кој што ќе има интегритет, заслужува чесен лидер кој што ќе се води од правото и правдата, заслужува лидер кој што ќе ги почитува моралот и моралните норми и лидер кој што ќе биде помеѓу граѓаните, кој што секогаш ќе биде отворен со граѓаните, ќе може да разговара со нив. Ќе биде отворен за дебата. Секако заслужува лидер а тоа профеосрката Гордана Силјановска Давкова, која се очекува да носи и тешки одлуки во интерес на државата и на граѓаните, изјави Ковачки за Алфа.

Со Ковачки разговараше Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста