Ковачки: Шеќеринска објави класифициран документ за што се оди в затвор; МО: никаде не пишуваше дека е класифициран

Шеќеринска на социјалните мрежи објави мапа која е класифициран документ, а тоа е кривично дело казниво со закон, предупреди полковникот Драган Ковачки. Тој обвини дека министерката за одбрана извршила класичен упад во воениот систем на Република Македонија со објавувањето на мапата за зоната на одговорност на Третиот пешадиски баталјон, мапа која открива дел од позициите на тој баталјон,вели Ковачки .

Оваа мапа која е прикажана на Фејсбук страницата на министерката на одбрана, како војник кога ќе погледнете ќе увидите дека има определени правци коишто се претставени таму. Ова се класифицирани работи и односот кон нив мора да биде на највисоко ниво, изработувачот на актот го има изработено ова како степен на доверливост – појасни Ковачки.

Ковачки предупредува дека со ова се доведува во прашање довербата која НАТО ја има во Македонија, оти ако сами си ги откриваме класифицираните документи, би можеле да ги доведеме во опасност и тајните на Алијансата. Полковникот вели дека просторијата каде се наоѓа мапата е место во кое не смеат да се внесуваат ниту фотоапарати ниту пак телефони, а таа сепак е фотографирана.
Тој вели дека состојбата во Армијата е лоша, срамно е што немаат доволно униформи.

Војниците за жал во моментов носат пет видови на униформи, да ми простат војниците што вака ќе се изразам, но делуваме како Ловечко друштво, недозволиво земја членка на НАТО да носи пет видови на различни униформи, една во принципте на војската е еднообразноста, значи сите треба да делуваат еднакво, појасни Ковачки.

По обвинувањата на Ковачки за изнесување на класифицирани документи на интернет, со реакција се јавија од министерството за одбрана велат никаде на мапата немало означен степен на класификација, ниту пак има впишано распоред на единиците.

Воопшто нема ништо спорно во објавата на државната мапа која го покажува дебарскиот регион каде Армијата и помагаше на полицијата пред се во контролата на граничната линија, што беше транспарентно споделено во јавноста како нејзина задача, соопштуваат од министерството.

Meри Ѓорѓиевска

Advertisements