Ковачевски вели да не се кревале афери за скандалот во РЕК Битола

Немало потреба да се креваат афери околу сомнежите и обвинувањата за рекет во РЕК Битола, во кој според опозицијата се вклучени братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев и поранешниот директор на РЕК, сегашен на ЕСМ, Васко Ковачевски. Тој запрашан околу овој случај, вели од компанијата дале се на истражните органи, порачувајќи дека немало потреба од јавни настапи.

-На истражните органи ги дадовме целокупните документи кои што беа барани од нас. И апелирам, повторно еве уште еднаш до политичките партии, да остават судството и Обвинителството и согласно позитивните законски регулативи и прописи да носат такви одлуки. А како ќе излезе епилогот повторно на крајот преку јавни настапи и наши и на опозицијата ќе видите дека непотребно се креваат вакви афери, нема потреба, вели Ковачевски.

Инаку, според информациите што ги обелодени првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изнудувањето на пари одело преку Васко Ковачевски, кој вршел притисок фирмата „Рубитон“ да отстапи 99 проценти од добиениот бизнис, на компанијата „СВ Инвест“ на Столе Чифлигароски. Кога сопствениците на „Рубитон“, Васко Василев и Јани Радивчев не се согласиле, Ковачевски  им рекол да му дадат 250.000 евра во кеш на братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев. 

-Побарувањата биле „Рубитон“ да ја сработи работата, а 250.000 евра да му припаднат на Вице Заев во кеш и таа сума била многу поголема од можната заработка. Откако сопственикот на „Рубитон“ не се одзвал на повиците, Вице му се заканил дека фирмата ќе ја загуби работата. На крајот така и било. Компанијата ја губи работата од РЕК и трпи штета од 30 милиони денари, кажа Мицкоски на брифинг со новинарите.

Но, покрај ова како продолжение на скандалот, Мицкоски откри дека сопствениците на „Рубитон“ Василев и Радивчев, го пријавиле рекетирањето во Обвинителството на крајот на февруари 2020 година, кога Македонија имаше техничка Владата. Раскажаното сведоштво во пријавата го потпишал тогашниот заменик началник на одделението за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Лазе Велковски. И тогаш како што вели Мицкоски, исчезнува делот со Вице  Заев во пријавата.  За ова партијата достави испечатени верзии од двете различни пријави со и без името на братот на премиерот.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста