Ковачевски очекува успешна лидерска средба – немало консензус за укинување на техничката влада сега, туку од следните избори

Ковачевски очекува успешна лидерска средба – немало консензус за укинување на техничката влада сега, туку од следните избори

Ковачевски очекува конструктивна лидерска средба, ама знае дека техничка Влада ќе има. Првиот човек на Владата посочи дека очекувал плодна дебата и заедничко донесување на датум за избори и посочи дека истите ќе биле во редовен термин. Се повеќе се надзира дека за Ковачевски е прифатлив 8 мај како датум за споени избори, иако тој на цел глас зборуваше дека изборите ќе биле раздвоени. Сепак Ковачевски си легна на брашното и сега во Собраннието заедно со сите парламентарни партии ќе договара датум, а најверојатно и ќе се дискутира за функционирањето на техничката влада на 100 дена пред избори.

Очекувам конструктивна лидерска средба со сите партии од Собранието. Сите кои учествуваат во натпреварот треба да имаат збор во натпреварот. Ова се први редовни парламентарни избори по 2006 година. Треба да се почитуваат верските празници. Во април и мај се Рамазан и Велигден, треба да биде определен датум кој ќе одговара на одржување на демократски избори и почитување на сите празници. Април или мај е периодот за кога треба да се спроведат изборите“, кажа Ковачевски.

Иако Ковачевски во март годинава зборуваше дека пржинскиот концепт за влада на Македонија не и била потребна, сега кога на ДУИ им е потребна за да се реализира договорот за технички албанец премиер, Ковчаевски е јасен, техничка влада ќе има, оти кратко било времето за да се укине, а и немало консензус.

А ВМРО-ДПМНЕ токму на местото каде денеска Ковачевски даваше изјава, односно Македонски Брод, порачаа дека не се согласуваат со техничка влада и дека се подготвени да се смени законот иако со тоа тие би изгубиле заменици и технички министри.

И додека партиите се подготвуваат за претстојните избори, се чини дека премиерот Ковачевски заради недостатокот на идеи како да ги протурка уставните измени кој тој ги вети без да се консултиура без опозицијата и пошироката стручна јавност, истите ги турка под тепих. Иако неофицијалниот рок за да се донесат истекува крајот на годинава, прмиерот без концизен одговор, кога истите ќе се донесат и што ако не се донесат.

Можеби првиот човек на Владата не знаеше да каже кога ќе се гласа за внесот на бугарите во Уставот, ама знае дека ќе победи на изборите, иако повеќе анкети покажуваат катастрофален пораз за неговата партија. Ама Ковчаевски не им верува на анкетите, убеден е дека ќе победи и ќе формира Влада, а како што кажа неговата кола алудирајќи на неговата Влада возела кон Брисел и во 2030 кога ќе сме станеле членка, Ковачевски ќе организирал настан каде сите македонски државјани со странски пасоши ќе дојдат и ќе ги вратат, оти нашиот пасош ќе бил со sвездите на Унијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста