Ковачевски и министрите ги заборавија Македонија и македонски во честитките за фудбалерите

Премиерот Ковачевски и неговите колеги од власта го заборавија зборот Македонија. Во честитките до македонските фудбалери по големиот успех против Италија, никој на социјалните мрежи не го напиша ниту новото ниту старото уставно име на државата. Во објавата на премиерот го нема ниту зборот македонски.

-Каква сензација! Браво момци, браво! Вие сте вистински херои, оваа вечер покажавте што значи борбеност, желба, истрајност! Неверојатна победа која е резултат на многу труд и работа, но пред се љубов кон националниот дрес. Честитки и за селекторот Милевски и целиот тим, оваа вечер нема никогаш да ја заборавиме.  Ви благодариме!, напиша Ковачевски

Во стил на својот и министрите во Владата, зборот Македонија и македонски од своите објави на Фејсбук го изоставија и Славјанка Петровска, Оливер Спасовски и Љупчо Николовски.

-Секоја чест момци, историска победа над Италија ! Напред, напиша Петровска.

-Честитки момци, нè направивте горди, испишавте историја!, напиша Спасовски.

-Најдобри меѓу најдобрите! Честитки народе, браво момци вака се игра со ❤ за !, напиша Љупчо Николовски.

Зборот Македонија го заборави и претседателот на државата Стево Пендаровски, но барем не го изостави зборот македонски.

-Нашите фудбалски херои веќе ја испишаа историјата на македонскиот фудбал. Честитки за победата, пожртвуваноста, храброста и борбеноста во играта на нашата македонска фудбалска репрезентација против силниот противник.  На чекор до Катар, благодарни сме на радоста што ни ја приредувате, напиша Пендаровски.

Ова не е прв пат највисоките лица од власта да избегнуваат да го споменат името на државата и зборот македонски, посебно откако со Преспанскиот договор беше променето името на земјата, па таа од Македонија во објавите на власта најчесто стана нашата држава.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста