Ковачев не коментира дали Бугарија ќе ја прифати моменталната преговарачка рамка за Македонија

Ќе ја прифати ли Бугарија вака напишаната преговарачка рамка? Од владата уверуваат дека самиот чин што треба да се преведе европското право на македонски јазик, значи дека македонскиот јазик е официјален јазик во рамки на Европската Унија. Сепак реалноста е поинаква…

Бугарија од Македонија бара да се откаже од македонското малцинство кај нив, но и од јазикот, за да добиеме зелено светло од официјална Софија за почеток на преговорите.

Европратеникот Андреј Ковачев, на прашањето на Алфа, дали Бугарија ќе даде “пас” за драфт верзијата на преговарачката вели дека сега нема да коментар оти Македонија била во изборна кампања.

Немам намера пред изборите да ништо да коментирам. Очигледна е целта на вашата телевизија пред избори да добие одговор во корист на една од двете главни партии. Сигурен сум дека ќе ме разберете. Поздрав и успех за Европска Македонија.

Пред само еден месец, кога беше извесно дека избори ќе има, Ковачев не се либеше да коментира за јазикот. Тогаш викаше македонскиот јазик имал роденден и бил создаден во Прохор Пчински.

Иако Бугарија ни го блокира датумот за преговори со услов да заборавиме на македонски јазик и македонско малцинство, сепак Димитров се надева дека Софија ќе ни дозволи европското право да го преведеме на македонски. Шефот на дипломатијата е оптимист дека источниот сосед немало да ни го оспори правото на самоопределување бидејќи тоа не било според договорот за добрососедство. Македонскиот јазик бил наша работа. Прашање затворено со затворањето на личната карта во Обединетите нации.
Експертската јавност пак е со спротивен став. Велат дека јазикот се официјализира кога земјата ќе стане членка во европската унија,а не порано.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста