Котлар: На Македонија и треба национална стратегија за односите со Бугарија

На Македонија и треба национална стратегија за односите со Бугарија, со која треба да го брани македонскиот јазик и малцинствата, но и за сите други најзначајни прашања. Тоа недостасува уште од 1991 година. Можеби е задоцнето,но подобро сега отколку да ја нема, вели за Алфа професорката Наташа Котлар. Според Котлар конзистентната надворешна политика за заштита на македонските интереси не треба да произлегува од партиските матрици туку од одвојувањето на партијата од државата. Тоа како што посочува професорката требало да се има предвид уште кога се подготвуваше договорот со Бугарија.

“Нацоналната стратегија треба да биде резултат на општествен ангажман. Тука треба да бидат вклучени сите социјални економски и научни капацитети за да не ни се случуваат акробации и во внатрешната и во надворешната политика.  Јас не упатувамогромна критика кон бугарската надворешна политика кон Македонија. Критиката е кај нас и мислам дека ние треба да сфатиме дека тоа се темели на анализи од аспект на историјата или политиката или литературата. Да се свртиме кон нашите потреби и да се излезе со цврст став за тоа што претставува македонски интерес”, вели Котлар.

Таа ги отфрлува тезите на бугарскиот државен врв за признавање на македонскиот јазик согласно уставот на државата.

“Јазикот е нешто што го репродузира говорителот. Македонски јазик има и кај оние луѓе кои се Македонци, а живеат во други соседни држави. Ние се препознаваме по говорењето на јазикот кој ни е мајчин и наше историско наследство , а не нешто што сме го добиле со некоја уставна норма. Ништејќи го природно постоење на македонскиот јазик се ништи и неговата тековност”, вели Котлар.

Во интервју за Сител Борисов вели дека никој не ни кажува на каков јазик да зборуваме, но и дека тие го признаваат она што е според уставот.

“Признаваме како што е според Уставот. Тоа е според вашиот устав. Ние не спориме со вас. Збориме на еден ист јазик и се се движи и се движи добро” истакна Борисов.

Идејата за заедничка стратегија за одбрана од Бугарското вето и нападот на јазикот ја промовираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Партијата бара за тоа да се разговара и на лидерската средба кај Пендаровски. Ова произлезе по објавата на документот со кој источниот сосед бара да заборавиме на “македонски јазик” и македонското малцинство во Бугарија. Овој документ стана дел од резимето на заклучокот за проширување на ЕУ и датумот за преговори за Македонија и Албанија.

Градимир Марковски

Advertisements