Костадиновски: Ќе останам лојален само на Уставот и на никој друг

Костадиновски: Ќе останам лојален само на Уставот и на никој друг

Уставен ќе го враќа во живот судскиот активизам. Првите самоиницијативи кои би можело да се најдат пред уставните судии се двојните функции на Талат Џафери и министрите – истовремено да седат во две фотелји во извршната и законодавната власт. Новиот претседател на Уставниот суд Дарко Костадиновски на првата средба со новинарите ги претстави плановите и амбициите откако седна на чело на највисоката институција која го брани Уставот. Вели ќе ја враќал довербата на граѓаните во правната држава, а најави и дека една од првите активности на уставните судии можеби ќе биде говорот на претседателката Сиљановска- Давкова на свечената заклетва во Собранието кога не го изговори новото уставно име на државата.

  • „Во моментов не можам да дадам никакво мислење за нешто што не е како иницијатива доставено до Уставен суд. Знам дека јавноста ја интересираат одговорите за овие прашања, но практиката е таква кај нас, не коментираме ништо за што нема поднесено иницијатива. Доколку некој поднесе, а можеби и веќе денеска е понесено, тогаш веднаш како Суд ќе дадеме мислење“ рече претседателот на Уставнииот суд. 

Костадиновски си постави приоритет пред себе и пред уставните судии за враќање на довербата на гражаните во Уставниот суд, а оптимистички најави и дека ќе бара да се спроведат системски измени.

  • „За остварување на тој приоритет неопходни се неколку чекори. Прв чекор е бескомпромисноста во обезбедување на независноста и самостојноста на Уставен суд, како и мојата бескомпромисност во обидите за било какви политички влијанија. Ќе предложам седници на Уставен суд да се снимаат и да се емитуваат во живо. Во други земји не се снимаат и не се пренесуваат во живо, но во тие земји немаме девастирано владеење на правото како кај нас. За да се врати довербата на граѓаните потребни се похрабри и одлучни чекори“, рече Костадиновски.

Костадиновски беше избран за нов претседател на Уставен суд на 4 јуни по над 10 круга гласање. Тој доби мнозинство од гласовите, а противкандидат му беше колегата Осман Кадриу.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста