Костадинов не се „симнува“ од Фејсбук – му одговори на Герасимовски за ставот дека напуштањето на ЗЕЛС е избрзана одлука
Се распаѓа ли СДСМ како кула од карти ? Неединството во партијата се надзира повторно откако градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ја искоментира одлуката на партискиот колега, градоначалникот на Струмиица Костадинов за излегување од ЗЕЛС како избрзана, Во интервју за Канал 77 Герасимовски вели дека работата на Општина Струмица била отежната, но излез од ЗЕЛС не е решение и проблемот треба да се решава преку дијалог:
„Верувам дека работата на градоначалникот е отежната, можеби има и политички влијанија и притисоци, но одлуката за напуштање на ЗЕЛС е избрзана. Проблемот со питката вода за пиење во Струмица е евидентен и сигурен сум за притисокот кој се чувствува од граѓаните, но сметам дека пред да се донесе конечна одлука претходно е неопходна координација, состанок и решавање на проблемите на маса“, рече Герасимовски.
Костадинов продолжува да пишува Фејсбук статуси- му возврати на Герасимовски оти токму во вакво време на предизвици во СДСМ единството и колегијалноста биле клучни :
Недостатокот на сериозен политички однос и реално поимање на ситуацијата може да доведе до нова дестабилизација во нашите редови. Не се работи за избрзана одлука, туку за решителност да заштитам интересите на моите сограѓани. Се надевам дека и ти, со истата посветеност, ќе ги штитиш интересите на граѓаните на општина Центар. Во овој момент, верувам дека е поважно да размислуваме за поддршка на одлуките, отколку да констатираме или толкуваме. Политички СТАВ или партиска кариера се градат исклучиво на постулатот на единството.
ДЕКА РАБОТИТЕ НА Бихаќќа НЕ ОДАТ НА ДОБРО, ПРЕКУ ФЕЈСБУК СТАТУС СИГНАЛИЗИРАШЕ поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов, тој удри по актуелното и по претходното раководство на неговата матична партија СДСМ, нарекувајќи ја заробена партија уште од 2019 година со двајца како што ги нарече октроирани „лидери“ од јужните краишта.