За две години Македонија увезла 10 пати повеќе отпад од сопствениот, најмногу од Бугарија

Македонија увезла над седум милиони тони отпад од Бугарија. Ова се статистички податоци до кои дошла Радио Слободна Европа, за само период од две години. Истовремено, бројките покажуваат дека земјата во просек годишно произведува од 700 до 800 тони комунален отпад. Вака гледано, повеќе увезуваме од што извезуваме.

Информацијата доаѓа откако Софија го отвори скандалот за нелегалниот увоз на отпад во Бугарија кој стигна до сега веќе претходното раководство на Дрисла. За ова македонското обвинителство молчи. Во меѓувреме, во обид да демонстрира подготвеност за справување со состојбата. Градоначалникот Шилегов, назначи нов директор на Дрисла . В.Д. Коста Начевски, кој на јавноста и е познат по трката да ја води општината Бутел. Конкретни други решенија не понуди, ќе ги повикал надлежните заедно со невладините да се вклучеле.
Во меѓувреме реакциите од невладините не стивнуваат – прашуваат зошто уште се молчи за проблемот со трговијата со отпад? Бараат од пратениците итно да ги утврдат предлог измените на законот за управување со отпад со кои ќе се регулира увозот и начинот на согорување.

Додека кај нас официјалните институции и претставници не гледаат никаков проблем кога е во прашање трговијата со отпад, а при тоа државата нема ни кадри, ни опрема, ни акредитирана лабораторија, ниту пак доволно обучени и некорумпирани инспектори за да го потврди тоа што го тврди, земјите од регионов делуваат на проблемот, отвораат истраги. – велат од О2 Иницијатива.

Промените доаѓаат во време кога работењето на Дрисла е предмет на критики од еко-активистите за сомнителни бизнис зделки и сомнежи дека нелегално увезува и складира токсичен отпад, но и поради истрагата која бугарските власти ја водат токму против екс директорот на Дрисла Горан Ангелов и уште три лица поради нелегално увезување италијански отпад во Бугарија.

Ања Василева

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста