Косовското МНР им забрани влез во земјата на официјални претставници на властите во Србија

Министерството за надворешни работи на Косово им забрани влез во земјата на официјални претставници на властите во Србија.Со цел да го спречи нивното учество и агитирање во кампањата за изборите што ќе се одржат на 6-ти октомври.

Шефот на кабинетот на вршителот на должност министер за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли, преку својата страница на Фејсбук објави дека властите во Приштина ја донесоа оваа одлука поради притисоците што врз српската заедница во Косово што ги врши официјален Белград.

– Изборите од 6 октомври се избори на Република Косово и на нејзините граѓани. Официјални лица од Белград не можат и ќе бидат спречени да водат изборна кампања за косовските избори.

Нема да се толерираат ниту заканите врз српската заедница во Косово од страна на Белград вели тој.