Косовскиот вицепремиер Лимај: Косово ќе има армија до крајот на ноември

Косовскиот вицепремиер Фатмир Лимај, изјави дека оваа година со закон ќе биде формирана косовска армија, додавајќи дека тоа може да се случи до крајот на ноември, соопшти косовската телевизија РТК.

– Има три работи, кои ги очекуваме – визна либерализација, формирање на армија и членство во Интерпол, рече Лимај.

Косовската Влада на почетокот на месецот поднесе три законски проекти до Парламентот, поврзани со Силите за безбедност на Косово, од кои едниот се однесува на трансформацијата на лесно вооружените сили за безбедност во комплетена армија.

Косовскиот вицепремиер Лимај очекува законот да биде изгласан до крајот на ноември, што, пак, беше потврдено и од страна на пратеникот од владејачката Демократска партија Мергим Луштаку, кој, како краен рок , го кажа датумот 28 ноември, кога се слави Денот на албанското знаме.