КОШАРКАРСКИТЕ КЛУБОВИ МУ ПОСТАВИЈА УСЛОВ НА АНТИЌ, ИЛИ НАТПРЕВАРИ ИЛИ ОДИ СИ

Македонските кошаркарски клубови му поставија ултиматум на претседателот на МКФ Перо Антиќ да најде начин и сили, и да го започне новиот шампионат, а ако не го стори тоа да си замине. Условот е решението да биде најдено до среда. По сите прелиминарни реакции, ова е сосема очекувано од Здружението на прволигашите кое низ соопштение потсетува дека само во нашата кошарка ништо не се поместило од место, дека во другите спортови во земјава барем нешто се одвива, а цела Европа игра кошарка. Здружението порачува деке веќе нема време за чекање и дека во случај да има ново пролонгирање, Антиќ треба да си оди.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста