КОШАРКАРИТЕ ВО ПЕРМ ИГРААТ СО ИТАЛИЈА (15.30) ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП

Македонската машка кошаркарска репрезентација за половина час во Перм, Русија има меч со Италија од квалификациите за Европското првенство. Тоа е група Б, втор балон и трет термин во овој циклус во кој до сега не знаеме за победа, а за пласман на завршницата ни требаат серија добри партии и минимум една победа против Естонија, но само под одредени околности, а тие велат, до понеделник балтичката селекција да губи се под Урал. Македонија се уште е во игра во овие квалификации и тие може да имаат среќен расплет, а за такво нешто одлично би било големо изненадување со Италија попладнево. Азурите против кои никогаш не сме победиле се фаворити, но овој пат се во многу подмладен состав, што нам ни дава извесна шанса. Македонските кошаркари од 15.30 играат со Италија со што започнува низата од 4 меча во пет дена на квалификациите за Европското во 2022. година.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста