КОШАРКАРИТЕ ОД ДЕНЕСКА НА ТРЕНИНЗИ ЗА БАЛОНОТ ВО ТАЛИН

Македонската кошаркарска репрезентација од денеска е на собир за квалификациските натпревари за Европското првенство со Италија и Естонија предвидени за 28 и 30 ноември. Тродневните тренинзи ќе се одвиваат во Јане Сандански, а в понеделник се заминува за Талин каде што ќе се одржи балонот односно турнирот од кој ние бараме рехабилитација по двата стартни порази на почетокот од годинава. Селекторот Александар Тодоров се соочува со многу отсуства, а последното е на центарот на Рабоптнички Кире Николовски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста