КОШАРКАРИТЕ ОД 10. ФЕВРУАРИ НА СОБИР ЗА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ФЕВРУАРСКИОТ БАЛОН ЗА ЕП

Селекторот на најдобрите македонски кошаркари Александар Тодоров денеска објави дека на 10 февруари ќе ги започне подготовките за последниот дел од квалификацискиот циклус за следниот континентален собир. Тие ќе се одвиваат во Скопје од каде на 15-ти јануари ќе се патува на одредиштето, а во тимот ќе бидат 15 играчи кои ќе треба да ги издржат сериозните обврски во петте дена на средината од следниот месец. Во меѓувреме, ФИБА во договор со организаторот ги објави сатниците за натпреварите од завршниот квалификациски турнир за настап на Европското машко кошаркарско првенство во 2022 година. Во Перм Русија е балонот од Б групата и ние во него ќе имаме 4 средби. Со Италија на 18 февруари од 15.30, со домаќинот ден подоцна во истиот термин. На 21-ви со Аѕурите одново, но од 13 часот и конечно во клучниот меч во кој ни треба триумф од 10 разлика со Естонија на 22 февруари од 15 часот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста