КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО САРАЕВО (21.00) ИГРААТ СО БОРАЦ (БЛ) ВО МЕЧ ОД 6. КОЛО ВО АБА 2

Се денеска од нашиот спорт е поврзано со едно те исто и популарно име бидејќи и кошаркарите на Пелистер во Сараево играат со Борац Бања Лука во обид по подолго време да дојдат до победа во втората Јадранска кошаркарска лига. Во мечот од 21 часот битолчани кои до сега имаат само една победа од пет настапа се среќаваат со единствената беспрекорна екипа во регионалниот натпревар. Веднаш зад нив е вториот наш тим МЗТ Скопје кој вчера славеше со Хелиос Домжале со 94-88, а утревечер се среќава со домаќинот на балонот Спарс.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста