Корупцијата станува безбедносен ризик

Високата корупција во Македонија станува и безбедносен ризик. Невладиниот сектор кој по којзнае кој пат влегува во битка со поддршка на институциите против ова зло, порачува дека е крајно време прашањето со корупцијата да стане и реално приоритет број 1 за власта. За серизноста на предизвикиот укажува и стратешкиот партнер на државава, САД

„Борбата против корупцијата е едно од основните човекови права, а од оваа година и судството ќе биде вклучено. Во Северна Македонија на пример има голем притисок врз судиите, и сето ова може да биде индикатор за корупција и во најдобар случај може да го направи судскиот систем подложен на корупција. САД инвестираа многу во судскиот систем во Северна Македонија за да ги затвори овие ранливи точки и сакаме да видиме дека нашите инвестиции се исплатливи со судски систем што е правичен за сите“- Истакна Амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мери Брнз.

Потребата од засилена битка против корупцијата е обврска, која земјите од регионот ја презедоа уште поодамна. На регионалниот форум во Скопје, повторно се потенцира потребата од засилена соработка, но и решавање на критичните проблеми кои кај нас во Македонија се во делот на спрегата помеѓу извршната и законодавната власт при именувањето на судии, обвинители како и членови на регулаторните тела кои се грижат за трошењето на народните пари.

Стручната фела инсистира мерките кои се преземаат да станат видливи, а како пример го наведуваат законот за потекло на имот како клучен во битката против корупцијата:

Законсите измени се уште се во фаза на подготовка. Од она што е досега сега познато, законот предвидува дека секој кој нема да може да докаже потекло на имот повисок од 30 илјади евра, да му биде одземен. Ова ќе важи за сите граѓани, не само за функционерите. Невладините организации предупредуваат дека без политичка волја, постои ризик оваа идеја да остане само празно слово на парче хартија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста