Коронавирусот што ја ,,стресе” Италија, ги исплаши Македонците и ги примора да откажуваат патувања

Коронавирусот што ја „стресе” Италија, ги исплаши македонските граѓани и ги примора да ги откажуваат патувањата во оваа земја. Од туристичките агенции за Алфа велат дека ситуацијата во Италија си го направила своето, па паниката дополнително придонела за откажување на аранжманите. Но имало и такви граѓани кои во последен момент се премислиле, и не уплатиле патување.

Покрај пишманењето па и откажувањето на аранжманите за Италија, од Агенциите велат дека сериозен проблем е и тоа што граѓаните се уште ги чекаат пасошите, иако имале уплатено патување.

Но има и такви агенции кои немаат откажување на аранжманите. На нивните интернет страници и натаму се нудат аранжмани по повод 8-ми Март, и тоа во Рим, Милано и други популарни туристички дестинации во Италија, каде се заразени над 150 лица. Цените варираат од 250 до 300 со вклучен авионски превоз.

И повеќе средни училишта годинава ја избрале Италија како дестинација каде што ученици од трета година ќе поминат околу една недела, во обиколка на туристички атракции во поголемите градови. Нема информација дали надлежните размислуваат за откажување на екскурзиите за кои веќе учениците платиле дел од сумата.

Кортона вурусит зодава проблеми и кај останатите дејности. Алармот денеска го вклучија од текстилната и кожарската индустрија кои дфоминантно работат за италинјанскиот пазар:

Посебно на удар ќе биде чевларската индустрија, а не е исклучено и голем дел од кумановските компании да се затворат, вели претседателот на Здружението на текстилната и кожарската индустрија Ангел Димитров. Според него, веќе е затворен голем дел од северот на Италија каде се извезуваат македонски чевли, а алтернативен пазар за пласман засега нема.

– Наш најголем партнер во однос на призводството на облека е Германија и таму немаме проблеми, но во Италија, баш во делот каде сега се шири коронавирусот, имаме многу компании кои соработуваат со кожарската индустрија, рече Димитров денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија.

На проблеми веќе извесен период, алармираат и од останатите сектори кои се зависни од увоз на репроматеријали, главно од Кина. Ова, ќе создаде дополнителни проблеми посебно за странските инвеститори кои произведуваат за потребите на автоиндусртријата.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста