КОРОНАВИРУСОТ СЕ ЗАКАНУВА ДА ЈА ЗАКОЧИ РАКОМЕТНАТА ЛШ

Синоќа два меча во кои Пик Сегет го победи Брест со 30-27, а Мотор го изненади Нант на гости со 32-31, денеска само уште еден на Елверум и Флензбург, а се друго предвидено за ова коло во Лигата на Европските ракометни шампиони е одложено. Коронавирусот го закочи најелитното клупско натпреварување на континентот, а освен мечот Вардар-ПСЖ кој првично беше закажан за овој термин одложени се и дуелите: Киелце-Порто, Кил-Алборг, Цеље-Загреб и Барселона-Веспрем.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста