Коронавирус и во тетовските градинки-состојбата во полошко повторно станува алармантна

Коронавирусот влезе и во тетовските градинки.Две воспитувачки од објектот Тетекс се позитивни на вирусот,од кои едната не одела на работа.Групата со дечиња која ја водела другата воспитувачка, како и дел од нејзините колешки се во изолација.

Не е тоа болест која би се ширела само во градинки, можат и дома да се разболат и да го донесат вирусот.Едната група ни е изолирана, тука имавме две деца, дома се, ги контактиравме и вработените и родителите од децата, моментално сите се добри-вели Рамие Даути-Директор на Градинка Младост.

Со речиси секојдневен двоцифрен број на заболени,состојбата со вирусот во тетовско повторно станува алармантна.Бројот на заразени расте,но не и свеста кај граѓаните.Мерките речиси и да не се почитуваат.И локалните власти никаде ги нема.Последниот кризен штаб, на кој се разговарало за состојбата беше дури на 5 август.Тетовци сметаат  доколку не се преземат други мерки, ситуацијата ќе излезе од контрола.

Полни се капацитетите и во тетовската клиничка болница-и на инфективното и на интерното одделение е полно со пациенти.Ако состојбата продолжи да се влошува, кадровски и просторно тешко ќе се успее да се згрижат сите кои ќе имаат потреба од лекарска помош.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста