Короната ги зафати и пелагониските села

 Последниве два месеца, короната започна сериозно да ги зафаќа и пелагониските села во новочкиот крај, па дури стаса и до недопрените мариовски предели. За екипата на АЛФА, денеска во Новаци овие загрижувачки податоци ги изнесе тукашниот матичен лекар д-р Живко Даскаловски, кој вели дека од ноември   се бројат над 40 заболени, повеќе од сто тестирани и четворица починати,  но реално бројките се дупло поголеми од оние што  официјално се влезени во системот.

  • До почетокот на ноември немавме воопшто. Од ноември и тука се појави и амбулантата што покрива во Новаци и околните села со Мариово, за жал и тука се појави и сега имаме доста. Моментно, званично имаме преку сто тестирања, имаме скоро  40 болни, за жал имаме и смртни случаи- рече д-р Живко Даскаловски.

Бидејќи новачката општина со над четириесет села во Пелагонија и битолскиот дел на Мариово е втора по териоторија во државата, Кризниот штаб  на општината организира волонтерска служба за разнесување храна и други неопходни продукти за немоќните жители по селата, вели градоначалникот кој веќе ја прележа короната. Меѓутоа, вистинските проблеми настануваат кога мораат пациентите да одат на болнички прегледи и заради дијагностички протоколи.

  • Ако во пелагониските села овие два месеца сериозно навлегува короната, па дури и во Мариово во недостапните предели, останува отворено прашање- како ќе се дијагностицираат, како ќе се тестираат, како повратно можат да го пренесат ова заразување, особено што матичните лекари укажуваат дека во Битола нема соодветна тријажа и соодветен центар кој што може безбедно да ги прифати.

Овие загрижувачки факти, ги посочува и д-р Даскаловски.

  • Има некои анализи за тие што се постари пациенти со коморбидитети, сцеви болни, аматичари и шеќераши кај кои се потребни дополнителни испитувања, за жал, во Битола нема каде да ги пуштиме и на приватно, нема каде- рече д-р Даскаловски.

Свое влијание, секако, има и РЕК “Битола“ каде што работат голем број тукашни жители. Од таму велат дека во последнава недела позитивни се  19 лица, од вкупно 142 заразени, а 323 биле или се во изолација.

Петар Стефановски