Короната е најмалиот проблем за дечињата од О. У. “Браќа Миладиновци” – руинирани училниси , полско ве-це, депонии

Училишна зграда со покрив кој прокиснува, стари врати и прозорци низ кои на зима влегува студен воздух, и таканаречено полско ве – це кое нема ни врата – во вакви услови ќе продолжат да учат десетина деца од основното училиште Браќа Миладиновци во кумановско доколку здравствените власти се одлучат за настава со физичко присуство.

Ова училиште е изградено во 60-тите години, и како што велат жителите на селото Студена Бара од тогаш не е потрошен ниту денар на негова реконструкција. Децата своите училишни денови ги поминуваат во вакви субстандардни услови, а немаат пристап ниту до нормален тоалет, така што можноста за одржување хигиена е сведена на минимум.
Подрачното училиште „ Браќа Миладиновци “ е во ужасна состојба и не постојат никакви услови за децата нормално да ја следат наставата – реагираат жителите на селото. Се плашат како учениците повторно ќе се вратат во школо кога се уште трае борбата со корона вирусот, а најмалите нема ниту каде да ги измијат рацете. Единствените тоалети се надвор, на стотина метри од зградата, а нивната моментална состојба може да биде најголем извор на зараза. Поголемиот дел од дворот на школото, и подрумите се буквално претворени во депонија.

“Условите се катастрофални, во 21 век децата учат во вакво училиште, насекаде има ѓубре, зградата се распаѓа…..Ова училиште е од секогаш исто. Многу е старо и никогаш не е реновирано .Јас се сеќавам, одамна завршив во ова училиште, и од тогаш не е ништо променето” – коментираат жителите.

Родителите изминативе години во неколку наврати реагирале за условите во кои децата ја следат наставата, но до ден денеска не е ништо променето освен една единствена просторија во која учат деца од повеќе одделенија. Се поставува прашањето зошто релевантните институции немаат слух за ваквите проблеми во руралните средини. Жителите на Студена Бара се во паника, како на децата ќе им помине уште една школска година, во време на пандемија посебно кога временските услови ќе бидат значително полоши од сега.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста