Корона-зборот кој го фрли светот на колена во годината што измина

Празни улици и полни болници. Светот со страв влегува во 2021 година, откако пандемијата на коронавирусот одзеде повеќе од еден милион животи и предизвика до сега невидени промени во секојдневието на милијарди луѓе. А се започна речиси како на филм. На пазар за морска храна во кинескиот град Вухан биле продавани животни кои во себе ја носеле мутацијата на вирусот Ковид, посмртоносна од сите досега познати. За кратко време заразата се прошири низ градот, а потоа во големи делови на Кина. Иако кинеските власти го ставија во целосен карантин Вухан, вирусот го пронајде својот пат и болеста започна да се појавува во југоисточна Азија а оттаму кон Европа, САД и остатокот на планетата. Збунети и исплашени државите ги затворија границите, а Светската здравствена организација беше принудена да прогласи пандемија.

Во последните две недели бројот на заразени со коронавирус надвор од границите на Кина се зголемува. Вкупно 4291 лица досега ги загубија своите животи , а илјадници други се борат за живот низ болните, изјави Тедрос Аданом Гебрејсус, директорот на Светската здравствена организација

До 10 март 2020 секоја држава во Европа освен Црна Гора и Косово имаше барем еден случај заразен од ковид-19. Заклучно со 6 март, 290 милиони деца и младинци не присуствуваа на настава во училиштата поради привремена суспензија на наставата во настојување да се спречи ширење на болеста

Италија доживеа вистинска здравствена катастрофа. На 19 март 2020 година ја престигна Кина како земја со најмногу пријавени смртни случаи. Зголемувањето на бројката на заразени во Италија во текот на вториот бран на пандемијата на коронавирусот во многу тешка состојба ги доведе болниците во некои делови на земјата.

Нема да може да се напуштат градовите кои моментално се во карантин, ниту пак некој ќе може да влезе во нив. Ќе бидат обезбедувани од страна на полицијата и војската. Договорено е прекинување на работните активности, јавните и училишните настани“, посочи Џузепе Конте, премиерот на Италија.

До 9 ноември, Соединетите држави ги надминаа и Кина и Италија со 10 милиони потврдени случаи на Ковид 19, што ја прави оваа земја со најмногу случаи ширум светот. Блиска соработничка на претседателот на САД се зарази од коронавирусот – и ги инфицираше Трамп и првата дама Меланија. Среде предизборна кампања, актуелниот претседател беше принуден да оди во карантин“.

Веднаш ќе започнеме со карантин и со закрепнување. Ќе го пребродиме ова ЗАЕДНО, порача Доналд Трамп .

Пандемијата целосно го промени начинот на живот, светската економија западна во рецесија, a државите беа принудени да се прилагодуваат на новите здравствени, социјални и општествени услови. Најдобрите здравствени компании грчевито се бореа да произведат вакцина, во услови на масовна паника и страв. Русија произведе сопствена вакцина и веднаш започна со масовна имунизација на населението, но западните земји не прифатија дека таа е доволно безбедна за да ја откупат. Дури на 9 ноември 2020 година, компанијата Фајзер ги објави резултатите од испитувањата на нивната вакцина, кои покажаа дека е 90% ефикасна против вирусот. По неа и компаниите „Бионтек“, и „Модерна“ излегоа со очекувања дека нивните вакцини  ќе придонесат за заштита и имунизација. Велика Британија прва во Европа започна со масовна употреба на овие вакцини, а по неа и други држави влегоа во процесот на имунизација.

Директорот на американскиот Институт за алергија и заразни болести, Ентони Фаучи, изјави дека за стекнување колективен имунитет против коронавирусот  треба да се вакцинира до 90 проценти од населението,

Сè уште не ги знаеме точните бројки, но мислам дека e можно да биде потребно да се вакцинира до 90 проценти од популацијата со цел да се постигне колективен имунитет за коронавирусот“

Заклучно со 31 декември 2020 година, повеќе од 80 милиони случаи се инфицирани ширум светот поради ковид-19; а повеќе од 1,75 го изгубиле својот живот. Во 2021 година битката со пандемијата продолжува, а исходот и покрај вакцините се чини дека се уште е неизвесен.

Маја Терзиова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста