Корона вирусот се шири на Флорида, НБА под нова закана?

Страв, загриженост, незвесност и натаму владее во НБА иако дефинирано е продолжението од 31 јули. Познато е дека 22 екипи ќе дооигруваат за титулата во Дизниворлд во Орландо, но опасноста од Коронавирусот никако да стивне на Флорида. Во вчерашниот ден регистирани се над 4000 нови позитивни случаи, што за некои и тоа како звучи загрижувачки, но не и за Комесарот, Адам Силвер. Тој е уверен дека првенството ќе се доигра по зацртаниот план. Внимателно ја следат состојбата, секојдневневно комуникациираат со Синдикатот на кошаркари, како и со здравствените работници и медицинските професионалци.

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста