Корона вирусот почна да ги одложува партиските предизборни активности

Корона вирусот почна да ги одложува партиските активности во предизборието. ДУИ донесе одлука за одложување на неопределн рок на поголемите предвидени собири со граѓаните. Ги повикуваат и останатите партии да го сторат тоа. Подготвени се на заедничка координирана акција во таа насока.

“Сметам дека имаме одговорност како политички партии независно од нашата потреба да бидеме сега со граѓаните и да ги претставиме нашите постигнувања во овој период или нашите ветувања меѓутоа сметаме дека здравјето на граѓаните е најважно во овој момент и било кои активности кои можат да ја зголемат шансата за ширење на биолеста треба да бидат сведени на минимум”, смета Бујар османи од ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за постапките во периодот кој следи. Мицкоски смета дека единствено власта би имала корист ако собирите и протестите на опозицијата бидат одложени.

“Најсреќни би биле исплашените од СДСМ да го користат корона вирусот за ВМРО-ДПМНЕ да не го мобилизира народот и тие молеа Бога да се случи ова за тие да може ВМРО-ДПМНЕ да не излегува заедно со народот и да поротестира против она лицемерие. Чекорите на ВМРО-ДПМНЕ бчлаговремено ќе бидат презентирани”, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

Предизборната кампања започнува на 23 март.

Advertisements