Корона вирусот коси во тетовско,властите и граѓаните опуштени

Тетовци се чини ништо нема да ги опамети повеќе да внимаваат и да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот. Преполни улици, кафулиња, ресторани. Маски не носат сите, ниту се запазува дистанцата.Сликата од градското секојдневие нималку не сведочи, дека Тетово е жариште на вирусот, со констатнен раст на бројот на заболени.Граѓаните не веруваат дека било која мерка, па дури и карантин ќе промени нешто.

Опуштени се и тетовските власти. Состојбата не ги загрижува,ниту размислуваат за порестриктивни мерки.

“Тетовската градоначалничка Теута Арифи на почетокот на пандемијата постојано ја притискаше власта и успеваше да издејствува мерки за заштита и спречување на ширењето на вирусот. Сега, кога состојбата е алармантна со постојан пораст на заболени, не се ниту размислува за мерки. Остануваат само апелите да се носи маска и одржува дистанца.”

Следната недела е големиот муслимански празник, курбан бајрам.Собирањето во џамии и одењето на гости, е уште еден ризик повеќе за ширење на болеста. Но,надлежните засега не навестуваат можност за воведување полициски час или други рестриктивни мерки. И за време на рамазанот,властите попуштија пред притисоците и заканите на ИВЗ, па го скратија полицискиот час,со што се даде можност, муслиманите сепак,да одат во џамии и по гости, што не беше случај со празниците Велигден и Духовден, кога имавме тридневен карантин.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста