Корона вирусот го одложува Азискиот економски форум

Кина го одложи зискиот економски форум (АЕФ) закажан за 24-27 март, кој се одржува во градот Боао на јужниот кинески остров Хаинан поради епидемија на коронавирус.
Форумот помага да се интензивираат меѓународните контакти на Пекинг, да се зајакне улогата на Кина на глобалната политичка и економска арена и да се поддржи принципот на концептот на „хуманост со заедничка судбина“ пропагиран од кинеските власти.
Се одржува од 2001 година, а сеуште нема прецизни можни датуми за одложувањето. Овој форум е важен мост кој ја врзува Кина со светот последниве години.
Форумот „Боао“ е наречен „Давос на истокот“ и е важна платформа за потпишување важни договори и координирање на ставовите помеѓу деловните и владините претставници од многу земји во регионот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста