Корона вирусот е најпребаруваниот поим на интернет во 2020 година

„Macedonia coronavirus“ е поимот кој што македонските граѓани најчесто го пребарувале на Google во 2020 год. Пандемијата и вирусот биле најинтересни за гуглање па и второто и четвртото место, според податоците на пребарувачот во „сите категории“ е корона вирус Македонија. Речиси исто толку граѓаните биле заинтересирани и за полицискиот час во земјава. Економската криза во Македонија ги натера граѓаните да ја отвораат страницата kupuvamdomasno.gov.mk кое го зазема петтото место според пребарувањата на Гугл.
Во категоријата образование и работа најгуглани се поимите стоматолошка и лекарска комора. Вонредната состојба во Македонија, исто така била интересна за корисниците на интернет, а сместена е во категоријата „уметност и забава“. Во категоријата „Хоби и слободно време“ граѓаните се посветувале на пребарувања за сојуз на математичари и државната лотарија на Македонија.
Во однос на најпребаруваните теми, лабораториите во кои што се прави тестирање за ковид-19 биле најинтересни за нашите граѓани.
Така е кај нас.. Во Европа, граѓаните имале поинакви приоритети при пребарувањата на Гугл.. На стариот континент, европските граѓани најмногу се интересирале за цената на образованието, храната и пијалаците, а речиси идентично ги интересирало и цената на недвижностите.
Американците пак, претежно барале поими поврзани со здравјето и задоволството, додека Африканците барале начин како да преживеат.
Луѓето во Северна Америка се најмногу заинтересирани за цените на затегнување на желудникот, цени во здравствената заштита, храна, пијалаци и цигари.Јужно-американците претежно гуглаат проститутки и сламени капи. Заинтересирани се и за цената на лебот, свадбите и цените за изградба на куќа. Азијците најчесто пребарувале цени на кравите, на бубрезите и електрониката. Корона вирусот е најпребаруваниот поим на глобално ниво за 2020-та година.
Викторија Миткова