Корона кризата и лошиот начин на кој власта се справува со неа ја стави Македонија во затворен обрач

Албанија и Турција се единствените земји во регионот кои без ограничувања ги примаат македонските туристи. Од вчера и Црна Гора ги отвори границите за македонските патници, но само доколку при влез во земјата приложат доказ оти се негативни на корона вирусот. Одлуката според тамошните власти била донесена по притисок од туристичката заедница која трпи огромни штети поради малиот број на туристи.

Србија, пак ја смени политиката кон Македонија. Од денеска за влез на српска територија неопходен е негативен ПВР тест и тоа не постар од 48 часа. Туристите од земјава може да патуваат и во соседна Бугарија – но и таму има правило. Почнувајќи од 28 јули, бугарските власти делумно го олеснија влезот во земјата, што значи на граница потребно е да се покаже негативен тест не постар од 72 часа.

Официјална Приштина вчера објави оти ги олеснува царинските процедури за влез во земјата за жителите на Македонија, Србија и Албанија, но тамошните власти појаснија оти не се работи за укинување на задолжителниот ПЦР тест кој и натаму останува обврска за влез во Косово.

Забраната за влез во земјите од ЕУ Брисел ја воведе на 1 јули и таа се уште е во сила. Ова правило важи и за Грција. И таму рампите се спуштени до крајот на август.

Вчера наутро од Меѓународниот аеродром во Скопје летна првиот чартер лет за Египет. Таму влезот за македонските државјани е слободен.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста