КОРОНА КЛАСТЕР ВО Е.ПЕЛИСТЕР – ПОБАРАА ОДЛОЖУВАЊЕ НА МЕЧОТ СО КАДЕТЕН ВО ЛЕ

Еурофарм Пелистер денеска го прекина тренажниот процес откако последното тестирање за Ковид-19 покажа неколку позитивни резултати, кај поголемиот дел асимптоматски. Ваквата состојба го принуди нашиот претставник во Лига Европа да испрати барање до ЕХФ за одложување на мечот против Кадатен Шафхаузен во третото коло предиведен да се одигра на 17 ноември во Битола. Пелистерци досега одиграа само еден меч и тоа на гости против ГОГ, каде по голема борба на крајот несреќно загубија со 30-29.