Корона хаос во Струга

Коронавирусот зема замав во Струга, дека состојбата е повеќе од загрижувачка, говорат и бројките.Само во последните 7 дена, односно од 15-ти до 22-ти август, регистрирани се 41-ен новозаболени. Ова предизвика силни реакции на социјалните мрежи, граѓаните кои ја лоцираат вината за вака брзото ширење на  заразата, бараат поголема ажурност од надлежните.Гневот го истураат и врз ресониот министер.

“Господине министре, знаете ли дека во Струга владее хаос?Градот е запоседнат од луѓе кои се напикале еден во еден !Знаете ли дека градот е блокиран? Парковите станале спални соби, знаете ли? Средете го хаосот на струшкото крајбрежје, се додека на една лежалка седат по 6-7 луѓе,во Струга ќе има заразаени.

-Струга има градоначалник,локален кризен штаб,полиција и инспектори,сите треба да си ја извршуваат должноста.Туристите и локалното населние но и институциите никако да се дисциплинираат”-ова се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Од Центарот за јавно здравје велат свеста кај населението е на многу ниско ниво.Додаваат дека повеќе не станува збор за кластери туку за ширење на заразата која не може да се контрилира, ниту да се изолираат контактите.

“Да,поединечни случаи кои тешко се таргетираат и тешко се следат,затоа што кога го имате позитивниот и неговите контакти, тогаш тие ќе ги изолирате,меѓутоа не знаете кој без симптоми го пренесува вирусот, во каква средина.” – вели Сашо Точко, од ЦЈЗ.

Дашмир Насуфи од кризниот штаб на општина Струга, признава дека состојбата во градот е далеку подраматична од она што е воочливо.Тој најави дека деновиве ќе свикале средба со пазарните инспектори и полицијата која според него и тоа како треба да биде повеќе присутна во туристичка Струга.

Ако се погледнат  статистичките податоци на МВР, во градот кој е преполн со туристи и иселеници, полициските службеници дневно констатираат од 10 до највеќе 30-тина прекршоци за неносење на заштитни маски.

Инаку,од почетокот на пандемијата,заклучно со вчерашниот ден, Ковид -19 во Струга е дијагностициран кај 544 лица,а бројот на починати се искачи на 47. 

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста