Корона хаос во Интер – откажан викендашкиот меч во Серија А

Саботниот меч меѓу Интер и Сасуло од 28-то коло во Серија А е откажан поради ширењето на Коронавирусот во редовите на најсериозниот кандидат за титулата сезонава во Италија. Нероаурите моментално бројат четири активни случаји на Ковид-19, Де Врај и Весино, а од претходно Хандановиќ и Д Амброзио. Конте синоќа не ја одржа редовната пресконференција, целата екипа е ставена во карантин, а забрана добија играчите и за мартовските репрезентативни обврски. Интер е лидер со девет бода предност во битката за титулата на 11 кола до крајот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста