Корона биланси во Европа и светот

Повеќе од 3,3 милиони луѓе се заразени со  коронавирус во изминатите седум дена, што е највисок пораст на случаи во една недела од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација.

Во периодот од 26 октомври до 1 ноември, најмногу од вкупниот број новодијагностицирани биле во Европа – околу 1,7 милиони, што е за 22 проценти повеќе од една недела претходно. Во исто време, бројот на смртни случаи е поголем за 46 проценти.

Од почетокот на епидемијата во Европа потврдени се  11 милиони заразени и околу 285.000 смртни случаи.

Ситуацијата останува тешка во Северна и Јужна Америка, каде во последната недела се пријавени речиси еден милион нови инфекции и 17.000 смртни случаи.

Во последните седум дена во Југоисточна Азија се заразени околу 381.000 луѓе, а од почетокот девет милиони. Повеќе од 144 000 луѓе починаа од вирусот.

Австралиската држава Викторија, некогашно жариште на коронавирусот во земјата, петти ден по ред не регистрира ниту еден случај на коронавирусот.

Австралиските држави почнаа со ублажување на регионалните ограничувања и најавено е отворање на меѓусебните граници.

По повеќе од три месеци строги мерки за карантин, Викторија неодамна ги отвори рестораните и кафулиња, но јавните собири сè уште се ограничени.

Од почетокот на пандемијата во Австралија имало само 27.600 случаи на коронавирус, од кои 90 проценти во Викторија.

Од регионот загрижувачки бројки во нашиот источен сосед. Бугарија во последните 24 часа се регистрирани 4041 нови случаи на коронавирус од извршени се 11.066 ПЦР тестови, а починале 63 луѓе.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста