Користењето на фосилни горива, Битола и Македонија ги вбројува меѓу рекордерите по смртност
С`е поголема е смртноста на светската популација поради употребата на фосилни горива. Оваа констатција се нотира во престижниот интернационален магазин “Економист“ со студијата на истражувачите од американскиот универзитет “Харвард“, Универзитетскиот колеџ од Лондон и Бирминген од Велика Британија. Истражувајќи ја животната средина, дошле до фрапантни бројки дека во 2018 година 8,7 милиони луѓе починале од причини поврзани со аерозагадувањето или 20% од вкупниот морталитет, а само три години претходно, тие бројки биле двојно помали. Во глобалните рамки, според смртност и број на жители, Македонија котира многу високо, а Битола е скоро до самиот врв. Неспорно е дека греењето со фосилни горива и РЕК “Битола“ се главни генератори на убиствените ПМ – честички, на што укажуваат и екологистите.
-Смртноста во Битола е енормно зголемена и се зголемува од година на година. Веруваме дека е токму од користењето на фосилните горива. Интересно е што во наводници, оној кој ги користи фосилните горива, ги обештетува трите општини кои гравитираат околу РЕК, со тоа што, Битола добива дури 15 милиони денари од касата на РЕК “Битола“ за користење на фосилни горива- рече Душко Груевски, екологист од Битола.
Од РЕК “Битола“, кои деновиве добија катил ферман од Инспекторатот за животна средина заради повеќе еколошки слабости , во писмениот допис за АЛФА велат дека со последните мерења од 6 месеци, нема отстапување од дозволените параметри во емисијата на честички од согоорувањето на јагленот, а последните три години се прават напори да се постигнат саканите еко- стандарди во производството на електрична енергија.
Но, каква е стојбата во Битола според бројот на малигни заболувања? Иако податоците со децении се кријат како да се класифиицирани информации, сепак здруженијата на болни од тумори вадат црни статистики дека заболуваат по 500 биолчани годишно од малигни тумори, а секој ден ден се регистрира по едно заболување од тумор на дојка. Згора на с`е, демографските движења во последниот квартал на ланската година, се надоврзуваат со најпоразителниот факт- во тој период имаме 161 новороденче и 520 починати или природен прираст од – 359 лица.
– Последниве демографски движења покажуваат толку негативни трендови, на пример, три пати повече починати отколку родени, но и факт не само економските, миграциските и другите движења, туку и екологијата можеби најмногу, си го прави своето. Емисијата на загадувањепостојано генерира болни од тумор и луѓе кои починуваат.
Петар Стефановски