Контроверзна одлука: Стефанова сведок во „Рекет“, а обвинител во „Империја“

И сведок и обвинител – Лиле Стефанова, за случајот Империја, во една постапка ќе треба да сведочи, во друга пак да пишува обвинение. Стефанова е клучен сведок на обвинителството за гонење организиран криминал, за случајот Рекет, која ќе треба да говори дали Катица Јанева во улога на специјална јавна обвинителка ја злоупотребила службената положба и овластување во случајот Империја каде е осомничен рекетираниот бизнисмен Орце Камчев, и уште 12 мина. Во екот на аферата, Рекет, кога се апсеше Јанева, а полицијата влезе во СЈО Стефанова се огради од нејзината шефица и тврдеше дека  за Империја –односно  одлуки за притвори, враќање на пасошот на Камчев, стоел потпис на Јанева, иако случајот го водела Стефанова. Во снимките пак објавени на италијанската ЛА Верита – Камчев ја спомнуваше Стефанова, односно на Боки 13 му тврдеше дека  бизнисменот Чифлиганец од Камчев барал дуќани за Стефанова. И обвинителката и бизнисменот Чифлиганец категорично го демантираа тоа.

Втората дилема што се наметнува околу тоа што Јовески на Стефанова ја овласти да продолжи со истрагата околу Империја е нејзината обвинителска позиција. Таа по крајот на СЈО, беше вратена во радовишкото основно јавно обвинителство. Случајот Империја пак се однесува на кривични дела кои ги работи обвинителството за гонење организиран криминал и корупција односно –  Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело. Се наметнува и логичното прашање како Стефанова ќе го води овој случај, дали распитите ќе го диригира од Радовиш.

Случајот Империја“, СЈО го отвори во ноември лани, по истекувањето на законскиот рок од 18 месеци, за што според мислењето на Врховниот суд и Законот на СЈО оваа обвинителство е ненадлежно да отвора нови истраги.

Катерина Гетева