Контрадикторни изјави на премиерот -Културниот центар “Ванчо Михајлов” одеднаш стана провокација

По шест дена македонскиот премиер Димитар Ковачевски конечно се соочи со новинарите да даде одговор за контроверзиите околу отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“. Ако прво преку видео обраќање млако одговори на бугарските провокации, Ковачевски денеска ја заострува реториката па вели  дека настанот претставува провокација оти ги буди духовите од минатото затоа што се работело за личност која била соработник и на хитлерова Германија и Италија на Мусолини.

Додека Ковачевски ја заострува реториката , шефот на дипломатијата Османи со дијаметрално спротивен настап, внимателен во изјавите и пораките кои му упатува на бугарските ченици, па настанот дури го претстави и како победа за Македонија.

А официјална Софија зема поглема сила, по отворањето на центарот, па бугарскиот претседател Румен Радев денеска делеше и лекции за тоа кој бил Ванчо Михајловм велејќи дека тој не бил фашист, туку оние што убија илјадници луѓе во логори зашто се нарекувале Бугари. Испрати и сериозна порака до македонските власти дека антибугарската идеологија која се ширела во Македонија ги труела односите меѓи двете држави.

„Време е антибугарската идеологија, која што вирее во Република Северна Македонија и очигледно ги труе нашите односи и намерно го подрива патот на земјата кон Европската унија, да остане во минатото. Обидот на македонските политичари да градат идентитет на база на фалсификатите на комунистичката интернационала, а не на историската вистина, се против интересите на македонските граѓани кои навистина сакаат членство во ЕУ“, тврди Радев.

По ставовите на Радев , експресно му врати македонскиот шеф на државата Стево Пендаровски. Му порача дека постојат потврдени историски факти кои не ги спори ниту бугарската историографија дека Ванчо Михајлов бил соработник на Хитлер. Ако се концентрираме предоминантно на решавање на историските контроверзи, никогаш нема да се договориме, вели Пендаровски.

-Постојат потврдени историски факти кои не ги спори ниту бугарската историографија дека Ванчо Михајлов бил соработник на Хитлер…околу квалификациите дали нацистите морале да убиваат луѓе, за да бифат нацисти – не мора. Ако си следбеник на таа идеологија – ти си нацист. Ако ја користиш како него нацистичката идеологија за сопствени политички цели пак си нацист.

Инаку бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ не бил регистриран со документација, како што пропишал законот.. Клубот, практично работи на диво, затоа што не добил одобрение од министерството за правда, а причината е банална – во правда, немале регистар на историски личности, па токму оваа дупка ја искористиле основачите, за до го протнат ова име. Од централниот регистар се правдаат дека не можеле да постапат поинаку.

Речиси три години колку што е официјално регистриран бугарскиот центар „Ванчо Михајлов“ од Битола водел антимакедонска политика и на социјалните мрежи објавувајќо статии во кои македонските историски личности се чествуваат како бугарски.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста