Контрадикторни изјави на министерот Спасовски за убиството на ракометарот Тот: Прво не знаеше кај е бегалецот, сега цело време знаел дека е во Македонија

Оливер Спасовски едно говореше завчера друго вчера. Прво не знаеше точно каде е Анџело Ѓоргиевски, не знаеше дали ја напуштил државата, за потоа да знаел дека цело време бил во Македонија.

ТЕЛОП ОЛИВЕР СПАСОВСКИ- министер за внатрешни работи: Знаевме дека не ја напуштил Македонија и се работеше интензивно на тоа.

Изјава спротивна од изјавата дадена пред само два дена. Тогаш запрашан дали можеби сега притворениот, тогаш бегалец ја напуштил држава, одговори дека не знае

-Секако дека имаме централен распис, ќе се распишува и меѓународна и домашна потерница. (ДАЛИ Е ВО ДРЖАВАТА ПРВООСОМНИЧЕНИОТ?) Прибираме податоци, информации во однос на сите овие аспекти. Официјално немаме таков податок дека ја напуштил, изјави Спасовски. 

Во јавноста се уште постојат сомнежи дека некој сакал да го сокрие убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Сомнежите ги подгрева и брзата информација која стигна од КАРИЛ дека тој немал видливи траги на насилство. Директорката на клиниката Маја Мојсова, останува на овој став, објаснувајќи зошто Тот немал траги на насилство.

-Го видов видеото. Тоа ми падна впечатливо е уште од првиот удар, не можам да проценам колку е силен ударот, но тој понатаму не се помрднува. Можеби во тој моментот престанува да дише и нема циркулација. Ако нема циркулација, тогаш нема модрици. Со оглед на томографијата, веројатно многу долго мозокот останал без кислород. Тој момент е клучен, изјави Мојсова.

Мојсова реагираше на изјавата на обвинителот Гаврил Бубевски дека лекарите направиле лоша проценка. Побара извинување и го покани да дојде на КАРИЛ да вид како се работи, бидејќи тој не бил лекар.

А сомнежите дека некој можеби се обидел да го сокрие ова убиство ги зголемува и фактот што полицијата дури после 24 часа од случајот соопшти дека станува збор за убиство.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста