Константен став на Бугарија пред и по ветото, ниту силен меѓународен притисок нема да ја премисли Софија?!

Негирање на македонското малцинство во Бугарија,бугарски корени на македонскиот јазик, барање за признавање на историска вистина и тезата за еден народ во две држави. Ставовите на бугарските челници за условите преговарачката рамка и старт на преговорите со Македонија се во континуитет исти. И пред и по ветото. Каракачанов и Захариева најгласни кога се во прашање добрососедските односи. Нема ден, а да не помине без нивно ново обвинување, порака или потсетување дека Македонците имале  бугарски корени. Иако не убедуваат дека не ни го одземаат правото на самоопределување. Различните политички блокови на кои припаѓа државниот врв кај источниот сосед не се причина ваквите ригидни ставови кај нив да не бидат константа.

“Како што Бугарија ја призна современата политичка реалност, сега е потребно Република Северна Македонија да ја признае историската реалност поврзана со создавањето на нов национален идентитет”, изјави министерката Захариева во октомври.

“Настојувавме во преговарачката рамка да влезат три основни услови. Придрѓување кон формулата за јазикот од 1999 година, потоа потврдена со Договорот од 2017 година. Патоказ за исполнување на дооговорот од 2017 година и многу јасен текст дека нема да се поддржуваат претензии за македонско малцинство во Бугарија”, беше нејзиниот став во Ноември.

“Историјата е заедничка. Но треба да се види каква е таа историја. Таа е заедничка но е бугарска историја”, изјави Каракачанов неколку дена претходно.

Ниту германското посредништво не ги пишмани во намерите да кажат не за преговорите со Македонија. Дури ни порачаа да не се надеваме дека големите европски центри ќе успеат да ја притиснат Бугарија да ги промени ставовите. Во континуитет обвинуваат дека Македонија не го почитува Договорот за добрососедство

“Ако некој не го почитува тој документ Бугарија може да блокира во секое поглавје. Затоа како што им кажав зависи од вас. Ние нашата работа си ја завршивме”, беше ставот на Борисов во Мај годинава.

“Нашите браќа од Република Северна Македонија треба да станат членови на Европската Унија,но то треба да се случии со искоренување на антибугарсата реторика, говоорот на омраза, и објективното признавање на историската вистина, што мора да стане неповратен процес. И тука Бугарија категорично треба да ги брани своите права’, истакна претседателот Румен Радев.

“Тие очекуваа и притисок. Вашингтон Берлин или не знам кој ќе дојде ќе наложи и Бугарија ќе каже да и ќе заборави на националните интереси ќе каже да без тие да нашрават ништо”, изјави Захариева.

За разлика од ставовите на Бугарија во Македонија до последен момент владееше умерен оптимизам. За на крај власта да констатира дека истиочниот сосед направила стратешка грешка.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста