Конкретна помош за противвоздушната одбрана на Украина од Самитот на НАТО во Вашингтон

Конкретна помош за противвоздушната одбрана на Украина од Самитот на НАТО во Вашингтон

Пораки за мир, стабилност, просперитет, евроаталнтска интеграција – да се зачува слободата и територијалниот интегритет. Украина е една од главните теми на Самитот на НАТО што се одржува во Вашингтон.  

Гененералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенбергпорача дека критичната одлука за проширувањето на НАТО по Студената војна, како ретко која друга, во модерната историја ја променила Европа и го отвори патот за интеграција што ќе донесе безбедност низ целиот континент. Зборувајќи за Вашингтонскиот договор, кој бил потпишан пред 75 години, укажа на важноста на документот на кој параф ставиле луѓе кои ги преживеале двете катрастрофални светски војни – луѓе кои добро го знаеле ужасот и страдањето. И токму поради ова, нивните наследници, не треба да заборават на страшната човечка цена на војната, и затоа треба да бидат решени тоа никогаш да не се повтори.

Прашањето беше дали сме подготвени да ја отвориме вратата. Некои стравуваа дека проширувањето ќе го разводни и ослабне НАТО и ќе ја провоцира Москва. Тоа не беше лесна одлука и требаше време. Но, на крајот застанавме во одбрана на правото на секој народ да си го избере својот пат и ја отворивме вратата на НАТО. Благодарение на Алијансата зачувани се мирот и слободата, што го прави НАТО најуспешниот, најсилниот и најдолготрајниот сојуз во историјата, порача Столтенберг.

Според Столтенберг, исходот од војната помеѓу Русија и Украина ќе ја обликува глобалната безбедност во наредните децении. Затоа, вели, времето за заложба за слобода и демократија е сега, а местото е Украина.

Првиот човек на Соединетите Американски Држави е убеден дека НАТО алијансата е помоќна од кога било, а војната ќе заврши со тоа што Украина ќе остане слободна и независна земја. Бајден објави донација на противвоздушна опрема за Украина. САД, Германија, Холандија, Романија и Италија ќе ѝ обезбедат на Украина опрема за пет дополнителни системи за противвоздушна одбрана, а во наредните месеци САД и другите земји ќе обезбедат десетици други тактички противвоздушни системи и опрема за нив. Другите сојузници, вклучувајќи ги Канада, Норвешка, Шпанија и Обединетото Кралство, ќе обезбедат голем број други системи за да и помогнат на Украина да ја прошири својата покриеност.

Владимир Путин не сака ништо помалку, ништо помалку од целосно потчинување на Украина, и да ја избрише Украина од картата. Војната ќе заврши со тоа што Украина ќе остане слободна и независна земја. Русија нема да победи. Украина ќе победи. Украина може и ќе го запре Путин. Сега гледаме наназад со гордост, на сето она што го постигнавме и со сила и одлучност да ја гледаме нашата заедничка иднина. Денес НАТО е помоќна од кога било. Овој момент во историјата бара наша колективна сила, порача Бајден.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски помина неколку месеци молејќи ги своите западни сојузници да го засилат снабдувањето за потребите на украинската против воздушна одбрана.

Се надеваме дека борбените авиони Ф-16 ќе стигнат ова лето. Но колку? И да ги има 50, не е ништо. Имаат 300. Ние се браниме, ни требаат 128 авиони. Додека немаме такви авиони, нема да можеме да им парираме на небото, ќе биде тешко. Знаете, ние секогаш чекаме. Како што мајка ми ме чекаше после училиште, а јас секогаш наоѓав причина зошто доцнам. Ова е исто, но многу посериозно“ порача Зеленски.

Од своето создавање на 4 април 1949 година, трансатлантската алијанса порасна од првичните 12 членки на 32 земји-членки. Сојузниците се согласни дека работејќи заедно можат да ја одржат безбедноста, само ако соработуваат во духот на заедничките вредности на демократијата, индивидуалната слобода, човековите права и владеењето на правото.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )