Само еден граѓанин со бугарска самосвест се пожалил на доскриминација во Македонија

Пропаѓаат ли обидите на бугарските власти, да направат слика дека македонските Бугари во земјава се подложни на говор на омраза и целосно дикриминирани во општеството? Во последните две години само една преставка стигнала на адреса на Комисијата за спречување дискриминација од граѓанин со бугарската самосвест, потврдуваат оттаму за Алфа.

До комисијата за спречување и заштита од дискриминација во наведениот период од вашето барање (2021-2022), доставена е 1 претставка од страна на македонски Бугари. Доставената претставка се однесува на дискриминација по основ на етничка припадност во областа на работите и работните односи, стои во одговорот од Комисијата.

Македонските институции ги демантираат бугарските челници кои и на отворена сцена не штедат зборови кога е во прашање бугарската заедница во македонија. Во интервју за ББЦ, бугарскиот премиер Кирил Петков вели дека не биле само историските прашања кои ги мачеле во односите со Македонија, главен проблем било тоа што Бугарите,како што вели тој, немале право на легална заштита во Македонија.

„Ја променивме агендата кон заедничките нешта наспроти проблемите. Имаме проблеми, да заборавиме на историските за кои зборуваат. Постојат други проблеми кои треба да ги решиме, на пример Бугарите во Македонија се уште немаат права за легална заштита. Добри вести се тоа што кога разговараме со премиерот на Македонија целосно се договоривме дека Бугарите треба да имаат легални права кои ги имаат сите Македонци и останатите народи како што се Албанците, добра работа е што имаме разбирање околу тоа. Прашањето е како да се стигне дотаму и кој е патот јавноста во двете земји да се согласи“, рече Петков.

Бугарските апетити пораснаа откако шефот на бугарската држава лани во октомври го наметна прашањето за вметнување на Бугарите во македонскиот Устав. Оттогаш фокусот на преговорите наместо на историјата како главен проблем кој го наметна Бугарија е префрлен на гаранцијата на човековите права. Претседателот Румен Радев, постојано повторува дека македонските Бугари мора да бидат дел од највисокиот правен акт, но бугарската заедница нема поднесено таква иницијатива – како што формално-правно треба.

Ивана Соколовиќ Најдова

Advertisements