Конгресот на САД ги договара санкциите кон Русија

Американските сенатори се обединија во поддршката на Украина против руската агресија, но напорите да се донесе закон со кој ќе се санкционира рускиот претседател Владимир Путин за можна инвазија на Украина останува заглавен.

„Предлог-законот за санкции е заглави со фундаментална разлика. Општо земено, демократите мислат дека треба да направите нацрт-закон за санкции со кој однапред ќе се објави што би направиле доколку има инвазија, а позицијата на републиканската партија е дека санкциите треба веднаш да се воведат“, рече сенаторот Тим Кејн од демократската партија.

Поранешен функционер на администрацијата на Трамп им рече на пратениците во средата дека пристапот на САД кон санкциите е ограничен од европските сојузници.

„Џо Бајден и администрацијата на Бајден одлучија дека мораме да дејствуваме заеднички со Европејците за ова, но Германците го потиснаа нашиот одговор“, вели Ричард Гренел, поранешен вршител на должноста директор на националното разузнавање.

Поради тоа, многу републиканци предупредуваат дека можноста да се одврати Путин можеби веќе поминала.

„Верувам дека сега е премногу доцна. Мислам дека треба да бидеме во позиција да се увериме дека г-дин Путин ќе разбере дека доколку ја нападне Украина, ќе има тешки последици, не само за народот на Русија, туку и за луѓето што го поддржуваат“, рече сенаторот Мајк Раундс од републиканската партија.

Републиканците го критикуваа претседателот Бајден дека бавно реагира на кризата, но исто така во Конгресот се има чувство дека САД мора да ѝ претстават обединет фронт на Русија.

Санкциите што се разгледуваат вклучуваат наметнување строги ограничувања на руското банкарство, прекинување на гасоводот Северен тек 2 кон Германија и зголемување на воената помош за Украина.

„Треба да покажеме решителност, како и издржливост и да се здружиме на пакетот што ќе му покаже на Путин дека сме обединети на другата страна и дека има двопартиска поддршка за одвраќање, дека мислиме на бизнисот, дека ќе има катастрофални економски санкции. Продолжување на вооружена помош за Украина но без американски војници на теренот. Но, Владимир Путин се чини дека ја добива таа порака и во овој момент не треба да попуштиме од стратегијата што се чини дека функционира“, вели сенаторот Ричард Блументал од демократската партија.

Говорот на претседателот Бајден за Украина во вторникот беше поздравен од двете страни, бидејќи законодавците рекоа дека сè уште има опции надвор од пакетот санкции.

„Се надевам дека претседателот Бајден ќе одговари на приликата. Како двопартиска група, колегите и јас јасно ставивме до знаење во заедничката изјава, претседателот ќе има огромна двопартиска поддршка за да ги искористи неговите постоечки извршни власти за строги санкции против Русија“, вели Мич Меконел, лидер на малцинствата во Сенатот.

Извршната акција може да биде најнепосредната опција за одговорот на САД – бидејќи на Сенатот му останаа само два дена заседавање за овој месец.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста