Конгрес на СДСМ – Општинските организации на рапорт за изборниот пораз, се избра и ново раководство

Конгрес на СДСМ – Општинските организации на рапорт за изборниот пораз, се избра и ново раководство

Некој повеќе, друг помалку е виновен за историски најлошиот изборен резултат на СДСМ. Повеќе слојни се причините за неуспехот на партијата – наместо да работиме дома, целата енергија ја насочивме кон евроинтеграциите, рече пред сопартијците Венко Филипче на 30-ти Конгрес. Сервилноста кон ДУИ е фактор кој придонел за лошата состојба во СДСМ, призна  партискиот лидер.

  • „Сметам дека е праведно конечно сите да прифатиме дека од различен агол, сите сме виновни. Точно е, некој повеќе, некој помалку, но секој на совеста го носи товарот дека во моментот нашата СДСМ се соочува со огромен предизвик за враќање на довербата на граѓаните. Никогаш повеќе СДСМ не смее да биде во подредена положба или на штета на сопствениот рејтинг да ги одржува политичките коалициите. Исто така, не се справивме до крај со криминалот и корупцијата на нашите претходници “ рече Филипче на Конгресот.

СДСМ по пет месеци откако потпретседателите си поднесоа оставки, ги избра Надзорниот и Централниот одбор кој оваа недела ќе одбере луѓето кои ќе застанат околу Филипче. Избрана беше потпретседателката на партијата, Фани Каранфилова Павловска. Другите партиски тела ќе се бираат во текот на неделава, а според Филипче тоа ќе бидат нови кадри, иако во Централниот, новоназначените членови се добро познати ексфункционери од Социјал-демократите. Таму е Велимир Смилески еск градоначалникот на Бутел, поранешниот пратеник Мартин Костовски, како еск директорот на затворот „Шутка“, Филип Андов. Меѓу членовите е и Горан Трајковски кој раководеше со пазарна инспекција, Викторија Мадиќ Аврамовска која беше заменик министер за правда.

  • „Се трудевме да избереме кои се почитувани во своите општински организации, имавме соодветни критериуми аплицираа и на тој начин беа избрани. Им посакувам и ним успешна работа. Дозволете за тоа да говорам во текот на неделата, најверојатно во четврток или петок ќе има Централен одбор, меѓутоа во партиското раковдство ќе бидат млади и енергични кои досега не биле дел од ниту една партиска функција“ рече Филипче во изјава за медиумите.


СДСМ го заврши и 29-тиот партиски конгрес кој во јуни беше одложен поради недволниот број делгати. На него, општинските организации ги образложувале причините за лошиот изборен резултат. На 30-тиот пак ги избра највисоките партиски тела, но не му го продолжија мандатот на актуелниот лидер. Според партискиот статут, на Филипче мандатот му истекува во март, кога повторно ќе треба да има партиски избори за нов претседател. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста