});

Конференција во Атина за договорот од Преспа

Грчките интелектуалции со јасен став, велат едно огромно ДА за договорот од Нивици, каде министрите за надворешни работи од Македонија и Грција поптишаа договор кој наводно ќе го реши долгогодишниот спор меѓу државите.

Седумчасовна конференција во четри сесии за да и се дообјасни на грчката јавност колку е добар потпишаниот договор во Преспа за Грција. Глазурата на конференцијата ќе ја постави шефот на грчката дипломатија Никос Коsијас, со својот говор пред пред професорите по право,историја, мегународни односи кои ќе присуствуваат на тркалезната маса, каде ќе се зборува за правните аспекти на Преспанскиот договор, историската и правната позадина, за имплементацијата, името, употребата, јазикот и државјанството.

Целта на конференцијата е да има глобална, трезвена и плодна научна дебата во врска со сите правни прашања што произлегуваат од овој историски договор за решавање на спорот со ПЈРМ. Дискусијата ќе има 4 сесии и се очекува да придонесе во разјаснувањето на критичните концепти и правни термини, со цел целосно да се информира јавноста, соопштуваат од грчкото МНР.

На првата сесија на денешната речиси целодневна конференција ќе се разговара за историската и правната позадина на договорот, втората е посветена на аспектите на договорот во однос на името и употребата, во третиот дел, професорите ќе дискутираат за прашањата поврзани со имплементацијата, а четвртата и последна сесија е посветена на договорот за решавање на спорот, државјанството и јазикот.

Грчките интелектуалции со јасен став, велат едно огромно ДА за договорот од Нивици, каде министрите за надворешни работи од Македонија и Грција поптишаа договор кој наводно ќе го реши долгогодишниот спор меѓу државите.

Над 320 интекелтуалци од нашиот јужен сосед велат промената на името целосно одговарала на грчките позиции и јасно ги одредувала политичките, историските и културните граници меѓу грчката Македонија и Северна Македонија. Меѓу поддржувачите на Договорот се голем број на универзитетски професори, новинари, историчари, актери, режисери, писатели и адвокати. Според нив Грција го почитувала правото на самоопределување на соседната земја.

Грчката Влада изминатите денови објави и видео на својата официјална страница во кое се толкуваат придобивките од она што беше потпишано во Преспа, Нивици.  Според текстот на видеото, Преспанскиот договор се претставува како голема дипломатска победа за Грција која ги одбранила сите свои црвени линии и националната позиција.

Во објавата на Грчката Влада стои дека со овој договор конечно ќе се стави крај на иредентизмот. За првпат било потврдено дека северните соседи немале, но и во иднина нема да се поврзуваат со античката грчка култура на Македонија.

Се додава дека 140-те земји кои денес не признаваа како Македонија сега ќе не нарекуваат Република Северна Македонија, бидејќи ова име ќе биде и за внатрешна и за надворешна употреба.

Мери Ѓорѓиевска