Kонфекцијата „Mода“ останува под клуч, Kоронавирусот се прошири и во други конфекции

Најавата дека работниците во светиниколската фабрика „Мода“ од денеска ќе се вратат на работа е одложена. Сие 830 текстилни работници ќе останат дома се до понеделник. Врз основа на зголемениот број на заболени од Ковид 19, менаџмент на фабриката го пролонгира отпочнувањето на работниот процес.

Се чекаат резултати за уште 400 работници. Првиот скрининг, покажа дека од вкупно 150 работници заклучно со вчерашниот ден од вирусот се инфицирале 52 работници, потврди за Алфа директорот на фабриката „Мода“ Ангел Димитров.

Свети Николе од минатата недела е ново жариште на Корона вирусот. Има 143 активни случаи. Дел се работници од фабриката „Мода“, но има и од фабрика за кондиторски производи лион која сопственикот самоиницијативно ја затвори на почетокот од месецот.

Во мегувреме вирусот во Штип се прошири уште во седум други конфекции, а досега во градот на текстилот се затворени вкупно десет конфекции.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста