Конечно пристигнаа вакцините од Ковакс механизмот, имунизацијата почнува во среда

Конечно во Македонија пристигна поголема количина од долго најавуваните вакцини. По неколку месечното доцнење, првата тура од  24.000 дози од Астра Зенека кои ги добивме преку Ковакс механизмот беа дочекани на аеродромот во Скопје од министерот Филипче и речиси целиот дипломатски кор. Планот на здравствените власти е веќе од среда да започнат да ги вакцинираат постарите луѓе, но и остатокот од медицинскиот персонал.

Македонија е на дното во регионот, но и во светот по набавка на вакцини и имунизација. По многуте ветени датуми за пристигнување, по многуте киксови на власта со разни договори, вратени капар, па не комплетна документација, министерот за здравство Венко Филипче признава дека оваа пратка доаѓа со недели задоцнување, но се правда дека сите земји се соочени со овој предизвик. Од среда почнува вакцинацијата за 20.000 граѓани над 70 години пријавени преку матичните лекари, а вакцинацијата ќе биде спроведена во пунктовите за имунизација.

  • Имаме најава дека ќе дојдат и други вакцини до крајот на овој месец. Ова доаѓа со недели задонување, но имајќи во предвид дека сите земји се соочени со овој предизвик, добро е што системот покажа дека функционира, и добро е што имаме сигнали дека ќе продолжи да функиоцнира на овој начин и ќе имаме информација кога ќе пристигнат вакцините и да продолжи овој континуитет, истакна министерот за здрвство.

На примањето на вакцините присуствуваше и Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз, како и останатите стратешки партнери на Македонија – францускиот амбасадор, британската и германската амбасадорка како и претставничката на СЗО Џиан Тавила. Сите упатија порака дека ова е чекор за победа на пандемијата.

  • Мило ми е што овие вакцини, овие дози на надеж, финансирани од вашата влада, пристигнаа преку КОВАКС. На сите земји им треба пристап до вакцините за да се запре пандемијата. Брзото ширење на Ковид-19 покажа дека ниту една нација не може да дејствува сама против овој глобален предизвик, рече Брнз.

За Џихан Тавила, претставничка на СЗО во земјава, денеска е денот на знак на надеж бидејќи вакцините пристигнаа за оние на кои им се најпотребни а тос е здравствените  работници и лицата со хронични болести, кои долго време ги чекаа вакцините.

  • Не е лесно треба да се работи на регулатива, на логистика. Вакцините се рефлексија на солидарост во борба против вирусот. Се додека сите не се вакцинирани нема да бидеме безбедни, дотогаш треба да се придржуваме до мерките на дистанца, носење маска и одржување хигиена, рече Тавила.

Инаку оваа пратка од 24.000 дози на „АстраЗенека“ е од вкупно 100.000, кои што треба да стигнат идниот месец од ковакс-системот на Обединетите нации, кој снабдува со вакцини 142 земји.

Веќе во април се очекуваат и вакцините од Кина, за кои министерот кажа дека имунизацијата ќе се врши во спортската сала „Борис Трајковски“. Претходно, Македонија имаше добиено како подарок од Србија само неколку илјади вакцини на „Фајзер“ и „спутник В“.

Борис Грујоски

Advertisements