Конечно и во Македонија пристигнаа реагенсите за коронавирусот
Корона вирус ќе се испитува и во Институтот за јавно здравје.Надлежните потврдија, дека регенсите за дијагноза на корона вирус пристигнале во Македонија. Но, она што останува да виси, е – дали имаме доволен број на заштитна опрема во случај вирусот да стигне во земјава.Медицинските лица се загрижени поради големата брзина на ширење на заразата, и велат дека се подготвени, ама проблем е недостигот на заштитна опрема. Министерот за здравство Венко Филипче пак вели – за почеток, имало доволно.
Во меѓувреме, епидемијата на корона вирусот – не стивнува .Бројката на заразени порасна на над 24.500 , починати се близу 500 луѓе. СЗО будно ја следи состојбата, и упати повик до сите министри за здравство итно да ја унапредат размената на податоци за новиот вид на коронавирус.
– Испраќаме маски, ракавици, респиратори и речиси 18.000 заштитни костуми во повеќе од 20 земји на кои им е потребна поддршка, велат од СЗО.
Каква е состојбата со ширењето на вирусот покажуваат случаите со два крузера кои се во карантин.Едниот во Јокохама, а другиот во Хонг Конг со вкупно 5.500 патници.Од кои, меѓу „заробените“ на крузерот во Јапонија 14 се српски државјани. Корона вирусот ,кој се појави на почетокот на јануари стави милиони луѓе во изолација.. Кинеските власти во Вухан, градот кој е жариште на новиот вирус, во рекорден рок изградија болница со повеќеод 1.000 легла за полесно справување со епидемијата.Истовремено, голем број луѓе во Кина завршуваат во притвор бидејќи одбиваат да бидат во карантин или намерно кријат дека патувале во области погодени со коронавирус.