Концесионерите на плажите во Охрид останаа без струја

Довчерашните концесионери на плажите затечени-од утринава немаат струја во угостителските објекти со кои стопанисуваа, ЕВН им ја исклучи. Се работи за 5 локали на атрактивни ликации на потегот од Студенчишта до Канео.Тоа се единствените угостителски објекти кои се до денес работеа на ривиерата,останатите општината ги срамна со земја.Концесонерите не сакаа да зборуваат пред камера,но велат дека се работи за правни субјекти кои редовно ги помирувале сметките за електрична енергија.Од тука за нив е нејасно врз кој основ им е ислучена струјата? Од ЕВН појаснуваат дека постапиле по барање на општина Охрид,а од оштината пак кусо- изминал рокот од 8 дена кои им бил даден да престанат од обавување на дејноста.

Охридскиот еснаф на угостители побара од Градоначалникот и Совет на општина Охрид,итно одлагање на активностите со рушење до крај туристичката сезона, односно до средина на месец септември.

Единствено Советот ни одговори дека се неингеренти да решаваат по однос на тоа,ние бевме малку затекнати од таквиот одговор бидејќи можеа и другите тела кои што беа наведени да најдат за сходно барем да се организира една средба на која ќе бра продискутирани актулените случувања.И најголемиот фокус на нашето барање беше дека не требаш таквите акции  сега да се организираат, ние не сакавме да задираме во законитоста – изјави Михаил Мишев – Еснаф на угостители.

Од Независната угостителска комора реагираат бидејќи рушењето  годинава како и лани се врши пред почеток на летната сезона, а потоа како што велат,се ‘ се  заборава цели 9 месеци до наредната сезона.

Пред било што да се руши сметам дека прво треба да си изготви стратегија што всушност ќе се прави и што всушност ќе  се постигне со тој простор.Најлесно е да се сруши, тешко е  повторно да се изгради и да се врати во фунционалност тоа што  веќе било направено – изјави Здравко Јосифовски од НУК.

Ова е краткорочно и избрзано решение кое ќе направи ненадоместливи штети не само за туризмот туку и за луѓето кои живеат во тие средини-велат од Независната угостителска комора.Од општина Охрид не отсапуваат од акцијата ,на сите велат концесионери им се остечени договорите за стопанисување.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста