Комуникација за избори има, договор за датум нема

Канал за комуникација меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ постои,но договор за датум се уште нема. Новата вонредна состојба од 14 дена ако ја прогласи Пендаровски ќе го олесни патот до избори на петти јули термин кој неофицијално најмногу се споменува. Опозицијата бара и за продолжување на вонредната да биде консултирана. Власта пак со став дека ако нема продлжување течат роковите за избори.

Мицкоски апелира датумот за гласање да се договори со консензус. А здравјето на граѓаните да биде во прв план.

‘Компромис треба да се постигне, но не по цена на здравјето на граѓаните. Канал на комуникација постои и не би изнесувал дополнителни коментари. Не сме сите исти и не се занимаваме со таков тип на брифинзи. Доколку има договор ќе го соопштиме на јавноста”,изјави Мицкоски.

Заев пак збори за нова нормалност поврзана со корона вирусот. И повторно бара избори во најбрз можен рок. За да сме го пречекале новиот бран наесен.

“На граѓаните и државата им се неопходни законодавна и извршна власт, ново собрание и политичка влада со целосен капацитет и нов легитимитет од граѓаните”, вели Заев.

Бујар Османи од ДУИ пак е со мислење дека разликите не се големи и очекува компромис. Во интервју за Независен истакнува дека ќе биде многу штетно за државата освен во здравствена и економска да се најде и воо политичка криза, а петти Јули е датум околу кој би можеле да се најдат сите партии.

Заев претходно го предложи 21 Јуни, а Мицкоски се залага за 23 30 Август и 13 септември.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста