Кому му одговара одлуката на уставен суд за отфрлање на иницијативата за 27-ми април?

Откако Уставниот суд го отфрли поднесокот на Светскиот македонски конгрес за 27 април и не поведе постапка по иницијативата поднесена од нив, а собраниската амнестија за истото одлучи да не ја ни чепка, не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи. Од друга страна пак, јавноста сведочеше дека амнестијата ги седна во собраниско столче за да го притиснат зеленото копче пратеници од опозицијата. Пред повеќе од еден месец, Уставниот суд ја отфрли иницијативата поднесена од Митко Чавков, осуден за „крвавиот четврток“ на 18 години затвор. казнети се уште 15 лица, а исто толку се амнестирани. Во продолжение, коментар на претседателот на СМК, Тодор Петров.